Утрински Весник
Македонија

Пановски: Арсовска не е рационална, ако лани во април ги правеше сегашните активности, ќе добиеше многу повеќе гласови

Panovski.jpg

Советникот во Советот на Град Скопје и привремен претседавач, Никола Пановски порача дека има замерки кон градоначалничката Данела Арсовска што претходно нема доаѓано на седница на советнички прашања и со тој однос кон другите советници, како што вели, на крај сите почна да се оддалечуваат од неа.

-Арсовска можеше да собере некоја група на дваесетина луѓе, меѓу кои бев и јас, кои ја поддржувавме за сите проекти. Ги гласавме ние, СДСМ не гласаше и не гласаше ВМРО-ДПМНЕ за сопствените проекти. Имаше смешни доаѓања на советнички прашања каде што констатираме дека ја нема, па ја бараме…Тоа се повторуваше и пресметав дека околу 10-15 илјади евра чини една таква седница која нема да се одржи, рече Пановски.


Пановски оценува дека доколку градоначалничката ги правеше сегашните активности лани пред парламентарните избори во месец април, ќе добиеше многу повеќе гласови.

-Таа е особа која не можете да ја фатите што мисли. Нема рационалност. Ова да го правеше лани, ќе добиеше гласови, додаде советникот во емисијата „24 анализа“.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни