Утрински Весник
Македонија

Панова: Колку побргу заминете, толку побргу ќе има решение за проблемот што го создадовте и ја загрозивте вистинската европска иднина на Македонија

Панова: Колку побргу заминете, толку побргу ќе има решение за проблемот што го создадовте и ја загрозивте вистинската европска иднина на Македонија

Првин тврдевте дека сме изолирани и дека никој со нас не се среќава од претставниците на меѓународната заедница, а сега велите дека ветуваме уставни измени. Лажевте дека сте блиску до 80 пратеници, па дури и вие лично изјавувавте дека знаете како до 80 пратеници, како што и сега лажете за наводни ветувања исклучиво за дневно политички поени и за дефокус на јавноста од криминалот и корупцијата во ДУИ и СДСМ, изјави пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ајде за вистината. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени! Ниту имате, ниту ќе имате ниту сте блиску до 80 пратеници. Точно е дека не капитулиравме пред Бугарија, како што тоа вие го направивте. Ве предупредивме да не ја прифаќате капитулацијата што не може да ја исполните.

Точно е дека два дена во парламентот ви укажувавме да не прифаќате преговарачка рамка, во која билатералниот договор со Бугарија е внатре. Вие прифативте мислејќи дека така ќе потрошите уште некој месец од иднината на сите граѓани на Македонија крадејќи и делејќи ги вашите тендери во 4 очи.

Но, исто така точно е дека создадовте проблем со вашето незнаење и лакомост, проблем што ја загрозува иднината на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија. И, да, на состаноците со меѓународната заедница го констатираме проблемот и, да, потребно е решение за тој проблем, кој вие не можете да го решите.

Колку побргу замините, толку побргу ќе има решение за проблемот што го создадовте и ја загрозивте вистинската европска иднина на Македонија, македонскиот народ и граѓаните.

П.с. Ако не e толкава разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, еве кажете колкава е? Но, едно да знаете, на наредните парламентарни избори, кога и да бидат, ќе биде уште поголема!“, порача Панова.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема