Утрински Весник
Свет

Паника во Источна Европа откако дрон разнесе воен хеликоптер

Screenshot 2024 03 17 180508.jpg

Беспилотно летало камиказа разнесе воен хеликоптер во Придњестровје. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот нема жртви и дека истрагата е во тек. Првиот ТВ канал на Придњестровје објави видео од инцидентот. На видеото се гледа како беспилотно летало камиказа удира во хеликоптер Ми-8МТ кој се наоѓал во комплекс на воена база. – На територијата на една од воените единици на Тираспол по експлозијата настанал пожар. Утврдено е дека експлозијата е резултат на напад со камиказе беспилотно летало кој летал од правец на мостот Детелина – соопшти Министерството за државна безбедност на непријателскиот регион. Во јануари Министерството извести дека странските специјални сили подготвуваат борбени групи во Молдавија, во кои наводно имало и Украинци, со цел да организираат и извршат терористички напади и саботажи на воени објекти во Придњестровје. На крајот на мај 2022 година, во регионот се случија серија терористички напади, прво врз зградата на Министерството за државна безбедност и Воениот регистар во Тираспол, потоа врз објектите на воената единица во близина на селото Парчани, и конечно на кулата на радио-телевизискиот центар кај селото Мајак. Тогаш беше прогласено црвено ниво на тероризам. Придњестровје, чие 60 отсто население го сочинуваат Руси и Украинци, бараше отцепување од Молдавија уште пред распадот на СССР, плашејќи се дека републиката ќе стане дел од Романија. Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да ја вратат контролата со сила, регионот практично стана територија надвор од контролата на Кишињев. Таму беше формирана непризнатата Придњестровска Молдавска Република. Мирот во регионот го одржуваат заедничките сили на Придњестровје и Русија.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков