Утрински Весник
Свет

Паника во Бољшој театар, 2.000 луѓе беа итно евакуирани

30 Bo Sho .jpg

Алармот за пожар лажно бил вклучен во Бољшој театарот во Москва во саботата.

Како што јавува „Вечерња Москва“, од зградата се евакуирани две илјади лица. Пожарникарските служби брзо пристигнале на местото на настанот, но при извидувањето не бил откриен пожар.

Ова е втора лажна тревога за пожар во Москва. На почетокот на месецот беа евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар Ривиера на улицата Автозаводска.

Можете да прочитате

САД, Иран и медијаторите разговараат за 45-дневно примирје?

Русија: САД треба да се откажат од „јазикот на ултиматуми“ кон Иран

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија