
По повод Меѓународниот ден на жената, панел-дискусија насловена „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“, ќе се одржи денеска напладне во Јуроп хаус Скопје.
Форумот ќе го отвори Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, а говорнички се Кристина Василатоу заменик-шеф на мисија во Амбасадата на Грција во Скопје, професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ д-р Маја Бојаџиевска, Драгана Стикова ко-основач и директор на фондацијата „Кантарот“ и менаџер на платформата „Наука за деца“ и Маргарита Арсова културен продуцент и проектен менаџер во Младинскиот културен центар (МКЦ).
-Настанот ќе отвори важни теми за предизвиците со кои се соочуваат жените кои својот професионален живот го посветиле на образованието, науката и културата и со својата работа и ангажман го менуваат општеството, стои во најавата.
Настанот е наменет за средношколки и студентки кои за време на интерактивната сесија ќе имаат можност да се вклучат во дискусија и да поставуваат прашања, се наведува во соопштението.