Утрински Весник
Македонија

Панел дискусија „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан”

20250305162017 Big 730x400 93.webp.webp

Фондацијата Конрад Аденауер  (КАС) и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје денеска организираат панел дискусија на тема „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан”.

Оваа панел дискусија се организира во рамки на официјалното отварање на т. н. Школа за безбедност 2025, која КАС и Филозофскиот факултет-Скопје, а со поддршка на сестринска фондација „Вилфрид Мартенс“ – Центарот за Европски студии од Брисел традиционално ја организираат во изминатите неколку години.


Како што соопштија од КАС и од Филозофскиот факултет – Скопје, иницијативата има за цел да поттикне соработка и пријателство помеѓу земјите од регионот, нудејќи платформа која на едно место обединува студенти и млади професионалци, како и експерти и претставници од академската сфера од три соседни земји, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија, со цел дискусија и размена на искуства на теми кои се од заеднички интерес, како што се прашањата за регионалните безбедносни предизвици и регионалната соработка на ова поле.

Домаќин на настанот, како што е најавено, ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ќе има воведно излагање на темата.

Обраќања на настанот ќе имаат и претставниците на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун, Катерина Јакимовска од Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, како и Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Оливер Бакрески. Предивдено е излагања во рамки на панел дискусијата да имаат и проф. д-р Васко Наумовски од Правниот факултет „Јустинијан Први” – поранешен заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања и поранешен амбасадор во САД, д-р Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА и проф. д-р Ненад Марковиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први”. Дискусијата ќе ја модерира проф. д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, кој ќе даде и свое воведно излагање на темата.

Можете да прочитате

Дали ДУИ ќе бара пребројување на гласовите на секој приговор со новиот законик?

На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, а на „Богородица“ 40 минути

Независните кандидати наместо од еден , треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа денес во Собрание