Утрински Весник
Спорт

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Img 3880.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонската фудбалска легенда и актуелен спортски директор на националните селекции во ФФМ, Горан Пандев, јавно и остро му возврати на поранешниот селектор Игор Ангеловски – Мрме, по критиките поврзани со изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на репрезентацијата.

Пандев преку објава на Инстаграм реагираше на, како што ја нарече, брзата и неоснована критика од Ангеловски, користејќи силни зборови и лични квалификации. „Се јави големиот селектор, големиот ‘патриот’. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон…“, напиша Пандев, алудирајќи на тренерската кариера на Ангеловски и неговите кратки ангажмани во клубовите во последните години.

Во продолжение, поранешниот капитен на националниот тим порача дека времето на влијание на Ангеловски во македонскиот фудбал е завршено, повикувајќи го да се повлече. „Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“, стои во објавата.

Иако во минатото важеа за блиски соработници, особено поради фактот што Ангеловски беше селекторот кој го врати Пандев во репрезентацијата, најновиот јавен судир покажува дека односите меѓу двајцата се сериозно нарушени. Размената на остри пораки дополнително ја вжешти атмосферата околу репрезентацијата и одлуките на ФФМ, во чувствителен период за македонскиот фудбал.

Можете да прочитате

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар