Утрински Весник
Спорт

Пандев: Притисокот е врз Манчестер сити, Интер има шанси во финалето

Пандев: Притисокот е врз Манчестер сити, Интер има шанси во финалето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Горан Пандев, беше член на златната генерација на Интер, која во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо ја освои триплета. Откако ја освоија Серија А и Купот на Италија, фудбалерите на Интер во финалето на Лигата на шампионуте го победија Баерн со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Интер, во сабота, против Манчестер сити, ќе се бори за третата европска круна во клупската историја.

Сити е голем фаворит во финалето, најмногу поради импресвните партии против Реал во полуфиналето. Пандев смета дека Интер има шанси против англискиот првак.

„На хартија Сити делува како голем фаворит. Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција. Убеден сум дека ќе го направат тоа. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. Сити се борат за триплета, тоа може да биде дополнителен притисок за нив. Сити е тим кој ве турка позади. Тоа се обиде да го направи Баерн во 2010 против нас, но не им успеа. Интер мора да биде добро физички подготвен за финалето, максималната физичка подготовка во ваков меч ја прави разликата“, изјави Пандев за италијанските медиуми.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028