Утрински Весник
Свет

Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови

Panama.webp.webp

Управата на Панамскиот канал негираше дека ги ослободила бродовите во сопственост на американската влада од такси, како што претходно објави Стејт департментот.
„Управата на Панамскиот канал, која е овластена да одредува патарини и други давачки за транзит низ каналот, известува дека не направила никакви прилагодувања за нив“.

Бродовите што припаѓаат на американската влада сега можат бесплатно да минуваат низ Панамскиот канал, соопшти претходно Стејт департментот.


„Владата на Панама се согласи повеќе да не наплаќа транзитни такси на американските владини бродови за минување низ Панамскиот канал“, објави Стејт департментот на Х.

Во соопштението се вели дека тоа ќе заштеди милиони долари на буџетот секоја година. Државниот секретар Марко Рубио се состана со панамскиот претседател Хозе Раул Мулино во саботата за време на неговата турнеја низ Централна Америка.

Можете да прочитате

Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз