Утрински Весник
Магазин

Памела Андерсон има нова емисија за приготвувење храна од растително потекло

Памела Андерсон има нова емисија за приготвувење храна од растително потекло

Актерката Памела Андерсон започнува емисија за готвење на билна база на канадскиот ТВ-канал Food Network Canada.

dobivaj vesti na viber

55-годишната ѕвезда ќе ја предводи новата серија со работен наслов Pamela’s Cooking With Love („Памела готви со љубов“), нарачана од студиото „Корус“.

Андерсон ќе се здружи со тим врвни кулинари во својот дом во Канада. Тие ќе работат на различни оброци од растително потекло и менија.

Студиото, исто така, даде зелено светло за обновување на втората сезона на Garden of Even („Рајска градина“) додека таа го реновира имотот на своето семејство на островот Ванкувер.

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето