Утрински Весник
Македонија

Палевски негира вина: „Ниту сум ја видел Вања, ниту сум бил кај Панче“

Sudenje Palco.jpg

На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, првообвинетиот Љупчо Палевски изјави дека не е виновен и дека не учествувал ниту во киднапирањето, ниту во убиството на жртвите.

Во својата одбрана пред судот, Палевски рече дека на денот на убиството бил ангажиран со лични и партиски активности – плаќал сметки во банка, купувал грејач за котел на пазар, и се вратил во просториите на партијата „Десна“ каде имал состаноци.


Одговарајќи на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшески, Палевски тврдеше дека нема мотив да го изврши кривичното дело и дека целата постапка се води врз основа на, како што рече, „лажни наслови и манипулации“.

Според него, обвинителството крие потенцијални докази – како хард диск кој, наводно, содржи 200.000 нелегално снимени разговори, а не е приложен во предметот.

Во своето сведочење, Палевски ги негираше и тврдењата дека бил во зградата каде, според обвинителството, била киднапирана Вања, велејќи дека таму не влегол повеќе од 25 години. Исто така, тврди дека никогаш не го возел цитроенот на Панче Жежовски и дека немал никаква поврзаност со местата каде се случиле кривичните настани, вклучително и куќата на Панче, за која вели дека ниту бил во нејзина близина.

Палевски нагласи дека обвинителството нема докази што директно го поврзуваат со местото на настанот, освен, како што рече, непоткрепени индиции. Тој го доведе во прашање и квалитетот на истрагата, тврдејќи дека дел од доказите не се прибрани, а дел се „уништувани“ во рамките на СВР Велес.

Судењето продолжува, а јавноста и понатаму со внимание ги следи случувањата поврзани со овој трагичен случај кој ја потресе целата држава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот бедем и неспорен идентитет – Владата вложува во неговата иднина

Агелер: Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе