Утрински Весник
Македонија

Палевски достави извештаи за мобилен и банкарска картичка: „Времето на снимките е поместено“

Palco Ljupco Palevski Vanja Gjorcevska Pance Zezovski 585x418 1.jpg

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случајот со киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје, извршени во ноември 2023 година. Јавното обвинителство продолжи со изведување на нови докази, додека одбраната на обвинетите Велибор Манев и Ѓоко Кешишев не понуди нови докази.

Првообвинетиот Љупчо Палевски се спротивстави на толкувањата на Обвинителството во врска со видеоснимките од дворот на Велибор Манев, тврдејќи дека времето не е реално. Тој приложи СМС пораки и извештај од својот мобилен телефон за да покаже дека времето на видеото е поместено. Според него, ова доведува во прашање валидноста на доказите и наводната негова локација во моментот на извршување на кривичните дела.


Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска се спротивстави на ваквото толкување, истакнувајќи дека обвинетите не користеле мобилни телефони туку радиоврски и мотороли, и дека новите наводи не се релевантни за случајот.

Палевски приложи и банкарски извод од Халк банка, тврдејќи дека на критичниот ден – 22 ноември – во раните утрински часови извршил плаќање гориво на бензинска пумпа во Скопје. Тој наведе дека претходно презентираниот доказ од Обвинителството за трансакциите на неговата картичка не го вклучувал тој ден, туку започнувал од 25 ноември.

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра