Палестинците почнаа да се враќаат во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, неколку часа откако израелските одбранбени сили (ИДФ) ги повлекоа сите копнени сили за маневар, оставајќи само една бригада да обезбеди коридор низ палестинската енклава.
Групата Палестинци го напуштија најјужниот град во Газа, Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 милиони Палестинци, кон Кан Јунис, објави „Тајмс оф Израел“.
Речиси 400.000 луѓе живееле во Кан Јунис и неговата околина пред почетокот на војната меѓу Израел и Хамас што избувна по 7 октомври. Голем дел од областа сега е во урнатини по неколкумесечни бомбардирања и тешки борби меѓу ИДФ и борците на Хамас.
ИДФ соопшти дека убила повеќе од 13.000 оперативци на Хамас во Појасот Газа, покрај околу 1.000 терористи во Израел на 7 октомври.
Властите во Газа соопштија дека најмалку 33.175 Палестинци се убиени, а 75.886 се ранети од 7 октомври 2023 година.