Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Палестина побара од ФИФА и УЕФА суспензија на Израел

20250928152524 big 730x400 61.webp.webp
Img 7972

Претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација, Џибрил Раџуб, ги повика денеска УЕФА и ФИФА да го исклучат Израел од меѓународните натпреварувања, предупредувајќи дека израелската армија убила 416 фудбалери и официјални фудбалски лица во последните две години, од кои една четвртина се деца.

„Фудбалот не може да остане неутрален пред геноцидот, етничкото чистење, дискриминацијата и континуираната окупација“, се вели во писмото испратено до европската и светската фудбалска федерација.


Шпанската новинска агенција ЕФЕ објави дека писмата се испратени и до сите членки на УЕФА, вклучително и до Фудбалската федерација на Македонија.

„Молчењето или одложувањето повеќе не се прифатливи“, напиша Раџуб.

Светските медиуми пренесуваат дека Извршниот комитет на УЕФА ќе се состане следната недела за да разгледа евентуално исклучување на Израел од европските натпреварувања, откако Обединетите нации објавија дека Израел врши геноцид врз Палестинците.

Макаби Тел Авив в четврток треба да се сретне со загрепски Динамо во рамки на Лига на Европа, а натпреварот е предвидено да се игра во српскиот град Бачка Топола, каде израелскиот тим е регистриран за домаќин.

Израелската страна, пак, наведе дека нема сознанија дека се соочува со исклучување.
„Немаме индикации дека се соочуваме со суспензија од УЕФА“, изјави за Ројтерс портпаролот на Израелската фудбалска федерација. Тој рече дека израелската репрезентација се подготвува нормално за претстојните натпревари со Норвешка и Италија во квалификациите за Светското првенство 2026.

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент