Утрински Весник
Спорт

Пакистанецот Надим ќе биде награден со речиси 900.000 долари за олимпиското злато

20240814191816 Big 730x400 53.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пакистанскиот атлетичар во фрлање копје Аршад Надим ќе биде награден со 250 милиони рупии или 897.000 американски долари за освојување на златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Надим ќе биде награден со 150 милиони рупии (538.000 долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од 100 милиони рупии (359.000 долари).

Наваз на Надим му ги предаде и клучевите од новиот автомобил со специјална регистарска табличка „ПАК 92,97“, во знак на неговиот резултат на Игрите од 92,97 метри, со кој го собори олимпискиот рекорд.

Надим на Игрите во Париз го освои првиот златен олимписки медал за Пакистан по пауза од 40 години, кога пакистанската репрезентација во хокеј на трева триумфираше на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер