Словенечкиот претседател Борут Пахор на форумот 2BS рече дека еден од начините да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на ЕУ. Пахор ова го изјави на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Кога станува збор за проширувањето на Европската унија, Пахор забележува дека одреден период постоел оптимизам, но дека паднал и дека во Брисел имало помалку волја, пишува Н1 Србија.
„ Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Се обидовме тоа да и го објасниме на ЕУ. Во 2016 година за време на разговорите во Сараево рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички проблем и дека треба да бидеме пофлексибилни во Брисел“, рече претседателот на Словенија.
Пахор изрази надеж дека Брисел ќе преземе неколку чекори и оцени дека доколку нема проширување, сите балкански земји ќе влезат во ЕУ горе-долу во истиот период.
„ Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците од војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа, која исчезна по падот на Берлинскиот ѕид.
Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Целосно зависи од тоа како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓаат“, изјави Пахор.