Утрински Весник
Балкан

Падна систенот на Евзони, можно е да не работи до вторник: Не се гледа крајот на колоните возила (ФОТО)

Grchka Info Evvzoni 2.jpg

На граничниот премин Евзони на влезот во Грција се создаде огромна гужва, а како што информираат српските туристи кои моментално се во долга колона, комјутерскиот систем на границата паднал

Туриститекои се наоѓаат нз граничниот премин во Фејсбук групата „Грчка инфо“ јавуваат дека кај Евзони во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на „алтернативниот“ премин Дорјан, каде возилото се задржува најмалку 2 и пол часа.

Велат нема да работи до вторник“, пишуваат загрижените српски граѓани во коментарите.

Гужва има и на излезот од Србија

Според нивните изјави, утринава се создала гужва и на излезот од Србија, а дел од патниците чекале и повеќе од еден час на граница.

„Во Прешево чекавме два и пол часа“, стои во еден од коментарите. Како што велат, огромни гужви има на граничниот премин Богородица на излез од Северна Македонија

Можете да прочитате

Драма во Зеница: Маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба

Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите

Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад