Утрински Весник
Македонија

Падна дилер во Скопје, запленети пет килограми марихуана

622347080 1194500589527133 649795622935421836 n.jpg

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронајдоа и запленија речиси пет килограми марихуана при полициска акција спроведена во Скопје, при што е лишен од слобода 36-годишен скопјанец, кому му е одреден притвор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 27 јануари 2026 година до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против Н.А. (36) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Претходно, на 26 јануари 2026 година, на булеварот „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле две патнички торби исполнети со наркотична дрога – марихуана.

Според полицијата, осомничениот дрогата ја набавил со намера за понатамошна продажба на подрачјето на град Скопје. По извршеното вештачење, утврдено е дека во торбите имало вкупно 4.999,2 грама марихуана.

Н.А. е лишен од слобода и изнесен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Вицепремиерот Сали се сретна со германската амбасадорка

Пресечен транспорт на 150 килограми марихуана: Приведени три лица од Скопје

Камбовски не се сеќава дали имало пријави за мито против судијата Ристов, ќе следи официјален одговор