Утрински Весник
Економија

Пад од 2,8% на индустриското производство во месец ноември

Fabrika Industri A 200906 253195 425788.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Индустриското производство во ноември 2025 година е намалено за 2.8 % во однос на ноември 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 

 – Производство на пијалаци,
 – Производство на текстил,
 – Производство на облека, 
 – Производство на хемикалии и хемиски производи, 
 – Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 – Производство на метали, 
 – Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, 
 – Производство на електрична опрема, 
 – Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
 – Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, е зголемено за 1.9 %. 

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа со рекордна наплата и засилена дигитализација ја движи економијата

Поскaпуваат кифлите и бурекот – 24info.mk

Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда