
Во првите девет месеци од 2025 година просечниот месечен увоз на нафта во ЕУ во споредба со ланскиот просек, се намалил за 18,3 отсто според вредноста и за 6,6 проценти според обемот, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат.
Од друга страна, во исто време се бележи значителен раст на увозот на течниот природен гас (ЛНГ) и тоа за 36,1 отсто според вредноста и за 25,9 проценти според обемот.
Кога станува збор, пак, за обичниот природен гас, неговиот увоз во првите три квартали од 2025 година се зголемил за 3,1 отсто според вредноста, но се намалил за 4,9 проценти според обемот.
Инаку, во третиот квартал од годината главни добавувачи на нафта на ЕУ биле Норвешка со удел од 14,6 отсто, пред САД со 14,5 и Казахстан со 12,2 проценти.
Најголем удел во увозот на ЛНГ во Европа во истото тримесечје имале САД и тоа со 59,9 отсто, пред Русија со 12,7 и Алжир со 7,7 проценти.
Норвешка, пак, е главен снабдувач на ЕУ со природен гас со удел од 51,8 проценти, по што следуваат Алжир со 14,6 и Велика Британија со 13,4 отсто.



