Утрински Весник
Македонија

ЈП Македонија пат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

Sneg.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот има на планинските премини Буково и Плетвар и во Крушево, Кочани, Штип и Павлешенци, информира ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.


ЈП Македонијапат апелира да се отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново поради непречено работа на екипите за расчистување на патиштата.

Дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се обртатат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Можете да прочитате

Македонија со нов договор со САД: Поголем извоз, нови инвестиции и економска соработка

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите