Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

ЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!

Screenshot 20251016 151209 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Драги сограѓани, пријатели, поддржувачи и активисти,

ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и
заедничка волја – може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени.


Во изминативе години, ја трансформиравме „Лајка“ во институција што покажува
дека системот може да биде и хуман, транспарентен и посветен на секое живо
суштество. Но останува уште многу работа – пред сè, потребно е најстрого и со закон да се
регулира одговорното сопствеништво.
Без тоа, не можеме да го решиме проблемот – зошто секојдневно повторно гледаме нови
и нови кучиња на улиците. И повторно се враќаме во круг.

„Лајка“ не е само стационар.
„Лајка“ е идеја – доказ дека хуманоста може да биде институционализирана, дека
љубовта кон животните не е сентимент, туку вредност.

Во чест на овој јубилеј, ги споделуваме петте роденденски желби на кучето:

Секое куче да има свој дом.
Не засолниште, не кафез – туку топол агол, свое ќебе, свое име и некој што ќе го чека.

Да нема повеќе гладни, болни и заборавени.
Хуманоста не е луксуз – таа е обврска. Да не свртиме глава никогаш, кога можеме да
помогнеме.

Да се знае дека секој живот вреди.
Нема „куче скитник“. Постојат само кучиња – живи суштества со чувства, страв, љубов и
верност што не се купува.
Дури и кога се бездомни – копнеат по љубов, семејство, дом.

Да бидеме општество кое не убива, туку решава.
„Лајка“ покажа дека хуманото е возможно – систем што лечи, вдомува, едуцира и
обединува.

Да веруваме во добрината.
Секое вдомено куче е доказ дека љубовта може да се најде – дури и по долг престој зад
решетки.

На петтиот роденден на ЈП „Лајка“ – не ни требаат подароци, ни требаат луѓе.
Луѓе кои ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја
градиме заедно.

Ве покануваме на роденденска дружба!
Да го прославиме животот, надежта и сите спасени приказни. Ве чекаме во бистро
Собрание.

https://www.facebook.com/events/802157265741983/?acontext=%7B%22event_action_histor
y%22%3A[]%7D.

ЈП „Лајка“ – наши години љубов, работа и отпор кон рамнодушноста.
Затоа што секое куче заслужува шанса.
А ние треба само – да бидеме луѓе.

Можете да прочитате

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

НОМАГАС со реакција по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее