Утрински Весник
Скопје

ЈП Комунална Хигиена отстрани обемна дова депонија во наслебата Серава

Viber Image 2025 01 24 11 17 18 687.jpg

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир. Интервенирано е во населбата Серава, каде што се подигнати и транспортирани приближно 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавна површина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата година се соочи со зачестена појава на таканаречените „црни точки“ – локации каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Од овие причини, Претпријатието воведе и интервентни патролни дежурства на Еко-патролата, којашто во периодот јануари-декември 2024 година изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при непрописно одлагање отпад.


Можете да прочитате

Општина Ѓорче Петров набави две товарни возила за почиста животна средина

(Фото) Скопското Кале со години празно и запустено

Герасимовски во ОУ „Св. Кирил и Методиј”: Одлични реакции од родителите и педагозите за забраната за мобилни телефони на час