Утрински Весник
Магазин

Овој вид апликации следната година ќе бидат забранети на Андроид уредите

Img 0307 1170x658 1.jpeg

Гугл во август најави голема промена во Андроид системот: се воведува задолжителна верификација на програмерите и софтверските компании, што значи дека инсталирањето апликации кои потекнуваат од непроверени автори ќе биде целосно блокирано. Одлуката предизвика остри реакции кај напредните корисници и независните програмери, бидејќи беше сфатена како обид да се ограничи слободата на таканареченото „sideload“ вчитување апликации.

Поради негативните реакции, Google попушти и објави дека работи на нов „напреден процес“ кој ќе им овозможи на корисниците со поголеми технички знаења, со јасно прикажано предупредување, и понатаму рачно да инсталираат апликации од програмери кои не се верификувани. Овој механизам ќе биде наменет исклучиво за напредни корисници и самите програмери кои се подготвени да го преземат ризикот.


Гугл ги ублажува правилата по критиките од напредните корисници и независните програмери

Гугл наведе дека новиот систем сè уште се тестира и дека се собираат повратни информации. Деталите ќе бидат објавени во наредните месеци, а наскоро ќе биде пуштена и програма за раен пристап наменета за програмери чии апликации не се на Гугл Плеј продавницата.

Иако интерфејсот на напредниот процес сè уште не е покажан, се очекува да биде полесен за користење од инсталацијата преку ADB алатката, која досега беше единствениот официјален начин за инсталирање на неверификувани апликации, но прилично комплициран за просечниот корисник.

Гугл повторно нагласи дека верификацијата на програмерите е неопходна за зголемување на безбедноста на корисниците и намалување на ризикот од вируси и измами. Сепак, новите правила создаваат пречки за хобисти и студенти кои штотуку влегуваат во развојот на апликации.

Затоа Гугл планира воведување посебен „лесен налог“ кој нема да бара плаќање на регистрациска такса од 25 долари и ќе има поблаги проверки на идентитетот, но ќе биде ограничен само на споделување апликации на мал број уреди и без можност за објавување во Гугл Плеј продавницата. Овој тип на налог сè уште е во развој и се прилагодува според повратните информации од заедницата.

Можете да прочитате

Viber воведува нова функција – дали ќе ја користите?

Кардиолозите предупредуваат: Вообичаениот додаток во исхраната може да го зголеми ризикот од срцева слабост

Грешка што ја прават многумина: Еве зошто никогаш не треба да излевате масло за јадење во мијалникот