Утрински Весник
Магазин

Овие три симптоми се јавуваат наутро и може да бидат знак за рак

Nocno Znojenje.jpg

Секогаш кога ќе се спомене рак, автоматски го мислиме најлошото. Според порталот Онкологија.нет, проценките покажуваат дека до 2040 година годишно ќе има 27,5 милиони новодијагностицирани заболени од рак. Иако звучи шокантно, големи се шансите дека ракот може да се излечи ако рано се открие.

Симптомите на рак во почетната фаза тешко се забележуваат, но фармацевтот Абас Канани предупреди дека има три знаци на рак кои се појавуваат наутро.

Болка во грлото
Канани ги советува сите што ќе се разбудат со болно грло кое не поминува по две недели да се обрати на лекар. Истото важи и за кашлицата.

„Пушачите често наутро се будат со кашлица. Сепак, упорната кашлица која трае повеќе од две недели треба да се провери, особено ако пушите“, изјави Канани за „Експрес“.

Замор
Утринскиот замор за некои луѓе може да биде знак за нешто злокобно.

„Нормално е да се чувствувате уморни во текот на целото утро, но ако тоа е невообичаено за вас или ако забележите дека заморот трае цел ден, задолжително проверете за што се работи. Заморот со други необични знаци не е занемарлив“, додаде тој.

Влажен кревет
„Ако се будите наутро и вашиот кревет е влажен од пот, тоа значи дека се потите во текот на ноќта. Проверете кај вашиот општ лекар, особено ако ноќното потење е придружено со замор, губење на тежината или модринки“, советува Канани.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува