Утрински Весник
Магазин

Овие луѓе на плажа се изложени на најголем ризик од инфаркт и мозочен удар, oткрива кардиологот Тасиќ

Plaza 1.jpg

Пливањето во студени реки и наглото влегување во вода на овие рекордни жештини може да биде фатално доколку не се почитуваат одредени правила. Кардиологот Небојша Тасиќ на Телевизија Прва зборуваше за опасностите што може да ги предизвика влегувањето во ладна вода на високи температури.

Ретко кој почитува, можеби постарите повеќе, но сепак ретко кој го почитува она што е најважно, а тоа постепеното влегување во водата, телото да се навикне на температурата на водата, дури и кога станува збор за влегување во релативно топла вода, рече Тасиќ.

Тој потенцира дека секое влегување во ладна вода со себе носи големи ризици.

Екстремни се ситуациите кога доаѓа до смрт или давење по инфаркт или мозочен удар во ладна вода. Но, не е реткост луѓето да се пожалат на лекар дека кога влегле во студената вода почувствувале нагло треперење, треска, а потоа имале аритмија, им се завртило…Тоа е еден вид предупредување, но проблемот е што ненадејното влегување во ладна вода може да доведе до спазам на крвните садови. Ова е првата реакција на телото, најпрво има забрзана, а подоцна забавена срцева работа како последица од капењето, истакнува доктор Тасиќ.

Тој потенцира дека колку е потопло надвор, толку е поопасно да се влезе во ладна вода. Доколку долго сте се сончале, објаснува тој, крвните садови се шират, вие сте во една состојба и откако наеднаш влегувате во студена вода го шокирате организмот.

Загрозени се и адолесцентите, кои мислат дека можат сè, особено во комбинација со ноќниот живот, влегувајќи под дејство на некои енергетски пијалоци, алкохол и други супстанци. Потоа се будат околу пладне и се упатуваат право кон водата, тоа се опасни работи, но тешко е да му се објасни на еден млад човек, вели тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста