Утрински Весник
Спорт

Јовиќ сака да остане во Фиренца

Јовиќ сака да остане во Фиренца
Dik 300x250 mk

Лука Јовиќ ќе остане во Фиорентина и следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми. Јовиќ во Фиренца дојде како позајмен играч од Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на сезоната, Јовиќ постигна само четири гола во Серија А, но погоди шест пати на 12 натпревари во Конференциската лига. Очигледно поради ефикасноста во Конференциската лига челниците на Фиорентина решиле да го задржат на „Артемио Франки“.

Интересот за ваквото сценарио е обостран бидејќи самиот напаѓач е задоволен и од клубот и од животот во Фиренца.

Јовиќ има договор со Реал Мадрид до 2024 година, што значи дека би играл уште една сезона на позајмица во „Виола“, а доколку се покаже ќе добие потпише договор со италијанскиот клуб.

Реал Мадрид за Јовиќ издвои 60 милиони евра. Српскиот напаѓач во ниту еден момент не успеа да се наметне и да покаже дека може да биде достојна замена за Карим Бензема.

Според многумина неговиот трансфер е еден од најлошите во историјата на славниот клуб.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите