Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер доби жестоки ривали во групата А од Лигата на шампионите. Киелце, Кил, ПСЖ, се дел од екипите кои ќе гостуваат во Битола.
Прв противник на Еурофарм Пелистер во групната фаза во ЛШ ќе биде хрватскиот шампион ППД Загреб кој ќе гостува на 13/14 септември.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, вели дека Битола и неговиот тим треба да уживаат во натпреварите со најдобрите ракометни клубови во Европа.
„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Александар Јовиќ.
Познат е и комплетниот распоред на натпреварите на РК Еурофарм Пелистер во групната фаза.
Лига на шампиони
Група А
13/14.09.2023 – Еурофарм Пелистер – ППД Загреб
20/21.09.2023 – Киелце – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023 – Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023 – Колштад – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023 – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023 – Алборг – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023 – Еурофарм Пелистер – Алборг
29/30.11.2023 – ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2024 – Еурофарм Пелистер – Колштад
14/15.02.2024 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024 – Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024 – Еурофарм Пелистер – Киелце
06/07.03.2024 – ППД Загреб – Еурофарм Пелистер