Утрински Весник
Македонија

Јовановски Срцева: Електронските цигари со сериозни здравствени ризици

Srceva.jpg

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор д-р Марија Јовановски Срцева се осврна на здравствените последици од употребата на електронските цигари, кои се сè попопуларни меѓу младите. Таа, како специјалист анестезиолог на КАРИЛ и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, потенцира дека овие производи не се ниту безбедна алтернатива, ниту решение за откажување од пушењето.

Во своето излагање, д-р Срцева ги претстави резултатите од британска студија од 2022 година, според која 40% од непушачите почнале да користат од кога електронските цигари станале достапни. Таа предупреди на ризиците од никотинските производи, посочувајќи дека тие можат да предизвикаат сериозни заболувања, како рак на белите дробови и кардиоваскуларни проблеми.

Иако студиите за електронските цигари се во мал број, некои од нив се фокусирани на последиците по белите дробови, како што е дијагнозата „евали“, откриена во 2022 година, која претставува акутно белодробно заболување. Д-р Срцева ја истакна важноста од преземање мерки и отварање поширока дебата за законски ограничувања со цел заштита на младите.

Можете да прочитате

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и муниција

30 дена притвор за 50-годишник од Македонски Брод, повеќепати силувал девојка со попреченост