Утрински Весник
Македонија

Јовановски: Абе ја имате власта, владејте според законите, не го иритирајте народот

Img 0679.jpeg

Актерот Владо Јовановски ја искоментира молитвата во Собранието која се случи пред два дена по повод годишница од геноцидот во Сребреница. 

„Под итно да се повикаат 7 (седум) владици од МПЦ.ОА. во Собранието на Р. Македонија, да попрскаат со светена вода, да окадат со темјан и да се помолат за сите нас, кои сме жртви на нарушувањето на секуларноста во нашато општество! Ало народни избраници, бидете верници, молете се на Бога во Божјите храмови, молете се во себе и секогаш, ама Собранието не е место за верски обреди. Што треба сега, ВМРО, да организира литија за жртвите од 2001, во собрание? Абе ја имате власта, владејте според законите, не го иритирајте народот и не му ја потценувајте интелигенцијата!“, пишува Јовановски.

За обредот реагираа и дел од политичките партии. 

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје