Утрински Весник
Скопје

Јовановска: Левица бара вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

Image 2025 12 23 085829261.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Левица:

„Скопје повторно се гуши во ПМ честички. Секоја година, особено во зимскиот период Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави и празни ветувања, властите не превземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем”, истакна Катерина Јовановска, координаторка на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, на прес конференција на која соопшти и дека поднеле Барање за вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ.

Според неа иако проблемот со загадувањето во Скопје е повеќедецениски, ниту една од партиите кои се менуваа на власт, не направиле речиси ништо за намалување на загадувањето, ниту пак понудиле трајно решение. „Јавниот градски превоз е колабиран, нови еколошки автобуси нема, а Јавното обвинителство веќе три години не постапува по кривичната пријава поднесена од градот Скопје против загадувачот Цементарница УСЈЕ”.

Од Левица јавно прашуваат „до кога профитот ќе биде пред здравјето на граѓаните и додаваат дека здравјето на граѓаните нема цена. Како што посочи Јовановска, советничката група на Левица освен барањето за вонреден инспекциски надзор во УСЈЕ доставиле и низа амандмани на Буџетот на Град Скопје за следната година, со конкретни мерки за намалување на загадувањето.

„Поднесовме амандмани за набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот, субвенции за прочистувачи на воздухот за жителите на Скопје, субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаците… Дел од овие амандмани ги поднесе и минатата година, но ниту еден од нив не доби подршка од советниците на ДПМНЕ и СДС”, истакна Јовановска.

Левица ќе даде и поддршка на најавениот протест во четврток, против Цементарница УСЈЕ, и се надеваат на масовно присуство на скопјани на овој протест затоа што, како што рече Јовановска „сепак за здравјето се работи”.

https://youtu.be/8NgoN3wBbgg?si=3LAosaYturKJzdlC

Можете да прочитате

Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени

„Вечер под ѕвездите”,  предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз