Утрински Весник
Македонија

Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, и покажа лидерство и храброст, им рече Ковачевски на младите од СДСМ

Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, и покажа лидерство и храброст, им рече Ковачевски на младите од СДСМ

Клучната цел на политиката на СДСМ и на Владата што ја предводам е подобра, европска иднина на младите, им порача денеска на младите социјалдемократи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во дискусија во рамки на Летниот камп којшто се одржува во Охрид.

dobivaj vesti na viber

-Своите први чекори во политиката ги направив токму во Социјалдемократската младина на Македонија, а понатаму во добар дел од својот живот се посветив на едукација на младите, како професор. Денеска со гордост можам да кажам дека клучната цел на политиката на партијата и на Владата што ја предводам е подобра иднина за младите. Целиот наш фокус, нашата работа, одлуки, се што правиме е за иднината на младите дома, рече Ковачевски.

Токму СДСМ го започна процесот на евро-интеграции а од минатата година, после 17 години чекање отвори ново поглавје во нашиот европски пат, додаде тој.

– Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, и покажа лидерство и храброст. Процесот на преговори беше мачен и тежок, но факт е дека ние од тој процес излеговме како земја која успеала да се избори за своите позиции. Со почетокот на преговорите и скринингот како и со потпишувањето на ФРОНТЕКС договорот, ние минатата година добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина, за европска перспектива на младите. Добивме и потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија. Сега треба да се донесе одлуката да продолжиме по европскиот пат и заеднички да ја обезбедиме европската иднина на граѓаните, на вас, младите, порача Ковачевски.

Продолжување на европскиот пат е основа и можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа да не биде во некоја друга земја, туку да биде дома, во Македонија, додаде Ковачевски.

-Овој трасиран пат до ЕУ, иако нема да е лесен, мора да се изоди. Ние мораме да им овозможиме на нашите граѓани, на вас младите, на идните генерации да бидат дел од мозаикот на ЕУ, побогати и со подобар стандард од сега, кажа претседателот Ковачевски.

Како млади луѓе, вие сте иднината на нашиот народ, на нашата земја и имате моќ да ја обликувате својата иднина и да го градите општеството, рече Ковачевски во обраќањето до младите.

Од друга страна се нашите вредности за солидарност, социјална правда, еднаквост и еднакви можности за сите, кои одат рака под рака и се директно поврзани со европската идеја, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на летниот камп на младите социјалдемократи којшто се одржува во Охрид.

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со амбасадорката на Украина

СДСМ е против реформите во судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Реновирани простории на Институтот за радиологија, со реорганизација намалено чекањето на резултати