Утрински Весник
Економија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Narodna Banka.jpg

На 18 декември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап” од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за дискусија и презентација на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб-страницата на Народната банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

Можете да прочитате

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година    

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата

Околу две години се потребни за конечна одлука за престојот на професионални возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ, тврдат од Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“