Утрински Весник
Спорт

Ова е стадионот на кој се игра финалето на Лигата на шампионите

Ова е стадионот на кој се игра финалето на Лигата на шампионите

Манчестер сити и Интер ќе играат вечерва од 21 часот во Истанбул во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на најголемиот фудбалски објект во Турција, Олимпискиот стадион Ататурк. Капацитетот на овој стадион изнесува 75.000 седишта.

dobivaj vesti na viber

Стадионот го носи по турскиот национален херој, таткото на модерната турска држава, Мустафа Кемал Ататурк.

Изградбата на стадионот започна во 1999 година, со цел Турција да ја добие организацијата на Олимписките игри во 2008 година. Во изградбата се вложени 350 милиони евра.

Интересно е што стадионот прво имал капацитет од 80.000 луѓе, а потоа по три години капацитетот е намален на 75.000 седишта, бидејќи 5.000 луѓе не можеле да видат што се случува на теренот од нивните позиции.

Стадионот Ататурк беше отворен во 2002 година со натпреварот меѓу грчки Олимпијакос и турски Галатасарај.

Но, најпознатиот натпревар одигран на овој стадион е финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, во кое играа Ливерпул и Милан. Италијанците водеа со 3:0, а Ливерпул израмни и на крајот победи на пенали. Тој натпревар е запаметен како најголемото чудо во историјата на Лигата на шампионите.

Интер може да направи чудо вечерва. Како што велат букмејкерите, Манчестер сити е јасен фаворит и никогаш во историјата не се случило една екипа во финалето на Лигата на шампионите да има толку многу шанси за победа.

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа