Утрински Весник
Македонија

„Ова е под притисок на српската антиалбанска политика“, Меџити во одбрана на Касами и Ганиу кои се повикани во станица

„Ова е под притисок на српската антиалбанска политика“, Меџити во одбрана на Касами и Ганиу кои се повикани во станица

„Градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Билал Касами, беа повикани од полицијата на информативни разговори, а единствена причина беше посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово“, коментира поранешниот градоначалник на Чаир, „огнениот“ Изет Меџити кој е и лидер на новата партија Демократско движење.

dobivaj vesti na viber

Според Меџити, во случајот се работи за сталинистички метод на информативни разговори, кој што во времето на комунистичка Југославија најмногу го чувствувале Албанците, а се практикува и сега.

„Сето тоа е направено под влијание и притисок на српската антиалбанска политика на која Албин Курти и стана трн во око. Но, оваа ситуација докажува дека не згрешивме што го ставивме името на Адем Демачи на една од улиците на главниот град, бидејќи денес повеќе од кога било ни е потребен неговиот дух на отпор“, вели Меџити.

Министерството за внатрешни работи претходно денес до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците на овие општини, Висар Ганиу и Билал Касами.

Од МВР велат дека при пречекот на Курти во Чаир и Тетово не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

На пречекот во Тетово се вееше огромно знаме на голема Албанија, а од МВР кажаа дека продолжуваат со потрага по лицето кое го држеше симболот.

По информацијата од МВР се огласи и Касами кој рече дека обидите за страв и замолчување како во времето на комунизмот воопшто не ги плашат.

Касами не кажа ниту збор и за спотот со песна „Добредојдовте во Албанија“ со која го пречека Албин Курти во Тетово.

Спотот беше објавен скоро четири часа откако „Макфакс“ прв ја објави веста дека знаме со т.н. „голема Албанија“ беше веено во Тетово за време на посетата на Курти, а за што прашања испративме и до Касами. Тој не се извини, ниту даде одговори, туку го сподели видеото.

 

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!