Утрински Весник
Македонија

„Ова е оцрнување на акцијата“, смета еден од организаторите по фотографиите со скинатите гаќи и отпадот дониран за Турција и Сирија

„Ова е оцрнување на акцијата“, смета еден од организаторите по фотографиите со скинатите гаќи и отпадот дониран за Турција и Сирија

Оцрнување на акцијата се фотографиите со скинатата долна облека. Ова го смета Али Февзи, еден од организаторите на хуманитарната акцијата за Турција и Сирија. Според него, со објавувањето на фотографии преку кои се реагира што наместо донации се остава отпад како помош за настраданите во земјотресот – се оцрнува трудот на волонтерите.

dobivaj vesti na viber

„Одредени луѓе сакаат да ја понижат акцијата со сликите од отпадот. Ова е блокада за нас. Не е убаво да се понижува хуманоста и хуманитарни акции. Комунална хигиена е на терен, нормално е по толку донации да има и отпад.“, вели Февзи.

Според него отпадот се чисти од донациите. Додава дека е нормално е да го има, по што потенцира: „акција од ваков тип немало ниту од самостојна Македонија“.

„Отпадот се чисти. Ние имаме своја екипа. Овој отпад е тоа што останало а е непотребно, не можеме да испратиме скинати работи или извалкани. Некои луѓе донеле непотребни работи само за да го извадат ѓубрето од дома. Важно е да се испратат што повеќе корисни работи и да се помогне на луѓето настрадани по земјотресот во Турција“, додава Февзи, еден од организаторите.

Можете да прочитате

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права