Возраста и повредите се работи кои се надвор од наша контрола кои можат да играат улога во здравјето на зглобовите. Сепак, на тоа има влијание и исхраната.
“Исхранатао може да игра значајна улога во подобрувањето на здравјето на зглобовите. Многу од моите пациенти забележале значително подобрување на воспалението откако смениле некои навики и почнале да се хранат поздраво”, вели ревматологот Џејмс Топилов.
Како што објаснува д-р Топилов за Парада, вишокот килограми дополнително ги напрега зглобовите, зголемувајќи го ризикот од болка и оштетување. Тој смета дека затоа е важно да се внимава на првиот оброк во денот.
Тој препорачува конзумирање комбинација од грчки јогурт, бобинки, чиа семе и сечкани ореви.
„Богат со омега-3 масни киселини, антиоксиданси и влакна, овој појадок помага да се намали воспалението и го поддржува здравјето на ‘рскавицата“, вели д-р Топилов.
Една студија од 2019 година спроведена на речиси 1.500 пациенти со ревматоиден артритис покажа дека оние кои земале додатоци на маснотии омега-3 пријавиле помалку болки и отоци во зглобовите. Друга студија, објавена во 2020 година, покажа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат да се спречи или намали ризикот од развој на артритис и да помогне во лекувањето на ревматоидниот артритис.
Бобинки се одличен извор на влакна, кои можат да помогнат во намалување на воспалението, што може да ја забави прогресијата на ревматоидниот артритис.
Покрај тоа, грчкиот јогурт е богат со калциум, кој помага во зајакнувањето на коските и ‘рскавицата, кои се клучни за здрави зглобови.
Доктор Топилов препорачува и антиинфламаторни смути. Содржи спанаќ, банана, бадемово млеко, куркума, ѓумбир и лажичка протеин во прав.
Можете исто така да јадете овесна каша или тост леб од цело зрно со авокадо, чаден лосос и чери домати.
Ако преферирате овошје, комбинацијата од папаја, манго, ананас, кокосови снегулки и мед е исто така одлична за намалување на болките и вкочанетоста во зглобовите.