Утрински Весник
Македонија

Ова е бизнисменот кој го префрли Груби во Косово

Artan Grubi.jpg

Полициски службеници утрово вршеа претреси на повеќе локации поради постоење сомнежи за сторен организиран криминал во „Државна лотарија“, пренесуваат дел од медиумите.

Според нивните информации, претрес е извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и кај поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. И двајцата не се пронајдени во своите домови.


Според најновите информации, Артан Груби ја напуштил државата и заминал во Косово. Оваа вест ја потврди и Груби со фејсбук статус:

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“

Тој додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал ќе се врати дома.

Но, Груби не бил сам. Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.

Груби, кон Косово патувал под дипламтски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија.

Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Парпанику ја презел позицијата конзул.

Папранику е сопстеник на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.

Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.

А, пак, поранешниот директор на државната лотарија занејќи или незнајќи дека за него се води истрага одмана ја напуштил земјата. Овие сознанија вечева во гостување во телевизијата ТВ21 ги соопшти премирот Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Потпишување на грант меѓу ЕБОР и АД ЕСМ за изградба на фотонапонски електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Измените на Законот за јавните набавки пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј