Утрински Весник
Македонија

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Magla Avtopat.jpg

Сообраќајот на ГП „Меџитлија“ е отворен за сите видови возила. ГП „Богородица“ е отворен само за патнички моторни возила, информираат од АМСМ.

Граничните премини ќе бидат бблокирани од грчките земјоделци до 22 часот.

Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Можете да прочитате

Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта

Донесени измените на законот за градење

Фетаи оствари работна средба со Лоутон во Стејт департментот на САД