Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Отворена нова канцеларија за управни работи на МВР во Општина Шуто Оризари

Img 20251015 wa0005.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска во Полициското одделение Шуто Оризари беше отворена новата канцеларија за управни работи на Министерството за внатрешни работи, на настан на кој присуствуваше помошник министерот за граѓански работи Јован Алтанџиев.

Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 25 000 жители на Општина Шуто Оризари ќе можат во рамки на својата општина да поднесуваат барања и да ги подигнуваат готовите лични документи – лични карти, пасоши и возачки дозволи.


„Досега жителите на Шуто Оризари овие услуги ги добиваа преку полициската станица Бутел или во зградата на МТВ. Од денес натаму тие ќе можат тоа да го прават овде, во својата општина. Ова е континуитет на нашата цел – да ги приближиме услугите на МВР до граѓаните,” истакна помошник министерот Алтанџиев.

Алтанџиев посочи дека министерството за внатрешни работи паралелно спроведува две фази на подобрување на пристапот до услуги – дигитализација на дел од услугите и отворање нови канцеларии за управни работи во средини каде што тоа е најпотребно според бројот на жители и пристапноста.

Во изминатите 15 месеци, МВР отвори седум нови канцеларии за управни работи во општините Сарај, Липково, Долнени, Демир Капија, Јегуновце, Желино и Жеровјане кое ги опфаќа Брвеница и Боговиње. Со денешното отворање во Шуто Оризари, бројот на вакви канцеларии се зголемува на осум.

Со тоа, министерството за внатрешни работи опфаќа над 200 000 жители низ државата – односно околу 13% од вкупното население – со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.

Алтанџиев најави дека во наредниот период се планира отворање нови канцеларии за управни работи и во новите објекти на полициските станици Аеродром и Кисела Вода, со што министерството продолжува со својата стратегија за подобра достапност и современо функционирање на јавните услуги.

Можете да прочитате

Левица: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија!

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира

Во Штип вечерва „Ѕвездено небо во чест на Панчо“