Утрински Весник
Скопје

Отворен нов наплатен пункт на Водовод во општина Ѓорче Петров

4.jpg

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Воедно, Ве информираме дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено со обезбедување достапни и квалитетни услуги, секогаш во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел