Утрински Весник
Македонија

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин во село Градец во општина Врапчиште официјално го отворија новиот центар за лица со попреченост.

dobivaj vesti na viber

„Денес официјално отвораме дневен центар за лица со попреченост, изграден и опремен според потребите и барањата на лицата од оваа општина. Дневните центри претставуваат мост меѓу социјализирањето, учењето на нови вештини и нови активности на лицата со попреченост. Тука ќе можат да го поминуваат времето и да го поддржат својот развој лица со физички, интелектуални и комбинирани пречки“ рече Тренчевска во нејзиното излагање.

Министерката истакна дека за неа најважно е задоволството на граѓаните и дека нејзините активности на терен и посетите во дневните центри овозможуваат таа лично да биде сведок за придобивките кои ги имаат граѓаните од ваквите центри.

„Општина Врапчиште за прв пат воспоставува Дневен центар за лица со попреченост што претставува суштинска трансформација во однос на создавање на соодветна средина за учење, грижа во текот на денот, социјализација и инклузија за најранливите членови на нашата заедница“ истакна Исен Шабани, градоначалникот на Општина Врапчиште на настанот.

Шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин се задржа на проектите кои се спроведуваат во општините со цел унапредување на квалитетот на живот на лицата кои живеат во нив. Тој истакна дека секоја општина треба да им овозможува на своите жители соодветна грижа за децата и лицата со попреченост.

 

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината