Утрински Весник
Македонија

Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО

20250211153704 Big 730x400 70.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советот на јавните обвинители денеска организира отворен ден за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје.

Целта, како што е најавено, е запознавање со постапката по објавениот оглас, временската динамика, како и со целокупното работење на јавното обвинителство.  


Советот на јавни обвинители минатата недела објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. Објавен е оглас за избор на 14 јавни обвинители во ОЈО Скопје, четири во ОЈО Тетово, по три во ОЈО Куманово, Охрид, Прилеп и Штип, по две во ОЈО Гевгелија, Битола, Гостивар, Кичево и Струмица и по едно во ОЈО во Крива Паланка, Велес, Ресен, Струга, Радовиш, Делчево и во Кочани. 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ претходно ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Уверенија добија вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје