Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Отворен Балкан е губење на време“ објави црногорскиот Центар за економски и европски студии

„Отворен Балкан е губење на време“ објави црногорскиот Центар за економски и европски студии
300x250 opst2

Црна Гора мора да биде целосно посветена на напредок на полето на европската интеграција со цел како земја која напредна најдалеку во процесот, што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на ЕУ, велат од Центарот за економски и европски студии, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат во соопштението, регионалната соработка е неопходна и пожелна, но и регулирана во доволна мера со различни иницијативи и договори, пред се со ЦЕФТА договорот, а веќе оптоварените и ограничени административни капацитети треба да се насочат кон забрзување на европската интеграција.

„Во вакви предизвикувачки моменти, изјавите на одредени владини функционери во техничкиот мандат за „Отворен Балкан“ и учество на Црна Гора во таа иницијатива се само одвлекување на вниманието и губење енергија од стратешката цел – интеграција во ЕУ. Очигледно се работи за лични ставови на одредени претставници на Владата, пред се на премиерот, а не за ставот на државата Црна Гора во однос на оваа иницијатива за регионална соработка“, наведуваат во соопштението на Центарот за економски и европски студии, пренесуваат медиумите.

Владата, според нив, три месеци ја нема формирано најавената работна група која би подготвила сеопфатна анализа за предностите и недостатоците на членството во „Отворен Балкан“, не е јасно врз основа на кој официјален документ на Владата или Парламентот на Црна Гора, без кој не може да се води ваков важен процес, премиерот, како што додаваат, продолжува со изјавите дека „Отворен Балкан“ не е алтернатива за ЕУ.

„Дека процесот на преговори за членство на Црна Гора во ЕУ не само што е забавен, туку практично е запрен, потврдува и практиката на Владата, која неколку месеци зборуваше за забрзување на активностите на затворање на преговарачките поглавја за членство во ЕУ, но постапките покажаа дека нејзиниот фокус е всушност на „Отворен Балкан“ и други теми кои всушност ги забавуваат преговорите на Црна Гора за членство во ЕУ“, се заклучува во соопштението на Центарот за економски и европски Студии.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа