Утрински Весник
Магазин

Отворањето на „Барби“ во Јапонија нарушено со контроверзи во пресрет на годишнината од атомското бомбардирање

Отворањето на „Барби“ во Јапонија нарушено со контроверзи во пресрет на годишнината од атомското бомбардирање

Јапонското отворање на кинохитот „Барби“ наиде на дополнителен неуспех во период кога се засилува онлајн петицијата која ги повикува холивудските студија да го отфрлат масовното маркетиншкото движење што го занемарува нуклеарниот холокауст.

dobivaj vesti na viber

Петицијата на Change.org собра повеќе од 16.000 потписи за два дена, барајќи од „Ворнер Брос“ и „Јуниверзал пикчрс“, студиото зад биографскиот филм за „Опенхајмер“, да го прекинат хаштагот „Барбенхајмер“ кој помогна филмот да стане глобален блокбастер.

Барби, со Маргот Роби во главната улога, заработи повеќе од 800 милиони долари на светските киноблагајни во првите 10 дена, додека филмот за таткото на атомската бомба, физичарот Роберт Опенхајмер, кој почна да се прикажува во исто време со „Барби“ заработи над 400 милиони долари.

„Ворнер Брос“ првично се приклучи на мемињата направени од фановите, а кои ја прикажуваат Маргот Роби и Килијан Марфи, кој го глуми Опенхајмер, заедно со слики со нуклеарни експлозии.

Но, фановите не се забавуваа во Јапонија, која во наредните денови ќе одбележи 78 години од нападите со атомски бомби врз Хирошима и врз Нагасаки (6 и 9 август 1945 година).

„Ако некој треба да создаде илустрација или изведена уметност на ‘Барбенхајмер’, тоа не треба да биде Барби како ужива во облак од печурка“, напиша Коџи Марујама на веб-страницата Change.org.

„Барби никогаш не треба да биде лик кој се радува на несреќа или трагедија.“

Хаштагот #NoBarbenheimer стана популарен на интернет, повторно објавуван повеќе од 100.000 пати, што го поттикна јапонскиот оддел на „Ворнер“ да упати ретка јавна критика кон својата матична компанија, по што потоа следеше извинување оваа недела.

Летната доминација на „Барбенхајмер“ натера милиони луѓе низ светот да гледаат два многу различни филма и да уживаат во редок момент на културен спој. Но, во Јапонија, безгрижното спојување на двата блокбастери предизвика гнев кај оние кои сметаат дека ја банализира смртта на стотици илјади во градовите Хирошима и Нагасаки.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста