Утрински Весник
Скопје

Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела

Viber image 2026 02 23 08 32 47 085.jpg

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов”, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.


Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија.

Можете да прочитате

Прекин во водоснабдувањето во улици во Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар

Делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош денеска без струја

Ѓорѓиевски: За три месеци постигнавме сериозен успех, до јуни – јули треба да пристигне првата пратка од 100 автобуси