Утрински Весник
Свет

Откриена тајна кинеска полициска станица во Њујорк, уапсени двајца мажи

Откриена тајна кинеска полициска станица во Њујорк, уапсени двајца мажи

Американската полиција денеска уапси двајца жители на Њујорк за наводно водење на кинеска „тајна полициска станица“ во кинескиот кварт на Менхетен, се вели во соопштението на федералниот обвинител во Бруклин.

dobivaj vesti na viber

Лиу Џианванг (61) и Чен Џинпинг (59) се соочуваат со обвиненија за попречување на правдата и заговор да дејствуваат како агенти на кинеската влада, без да ги известат американските власти, соопштија обвинителите.

Во текот на денешниот ден се очекува да се појават пред федералниот судија во Бруклин.

Министерството за правда ги засилува истрагите за, како што ги нарекува, обидите за „транснационално угнетување“ од американските противници како Кина и Иран за заплашување на политичките противници кои живеат во САД.

Обвинителите рекоа дека во 2018 година, Лиу се обидел да го убеди лицето, кое Кина го смета за бегалец, да се врати дома. Оттаму додаваат дека ова лице пријавило дека била малтретирана и ѝ се заканувале.

Во 2022 година, кинеската влада побара од Лиу да помогне да се лоцира поединец кој живее во Калифорнија за кој се верува дека е продемократски активист, соопштија обвинителите.

Федералните обвинители обвинија повеќе од десет кинески државјани и други за следење и малтретирање на дисиденти кои живеат во САД, вклучително и присилно враќање на луѓе кои Кина ги смета за бегалци.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно