Утрински Весник
Македонија

Откажување или тактизирање со европскиот пат

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Според последната посета на високиот европски претставник претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта може да се констатира дека одлуката на Европскиот совет е децидна нема промена во преговарачката рамка или дека францускиот предлог е задолжителен. Оваа е јасна порака која е искажана од високиот европски претставник овде на наше тло пред нашиот премиер и пред целата македонска јавност. Да бидам на чисто (и јас сум бил дел од тоа) секој оној кој оди редовно да се среќава со европските бирократи знае дека ваквите пораки се секојдневие во Брисел и не се лесни за слушање, но и не се лесни да се пренесат на нашите граѓани овде. Но сега кога веќе е јасно дека нема промена во преговарачката рамка, нема можност за гаранции, но и мал зрак на надеж дека Бугарија нема да поставува нови услови, останува да видиме дали нашиот премиер ќе остане на својот јасен и цврст став дека нема промени на Уставот без дополнителни гаранции, за кое лично мислам дека повеќе е купување на време.


Нашиот премиер е многу свесен дека со оваа нашата европска иднина е доведена во ќорсокак од кој што нема да има излез. Мора да бидеме на чисто, и тука не смееме да ги манипулираме нашите граѓани и да создаваме друга слика, а тоа е дека ние како Македонија сме се определиле за европскиот пат и ние аплицираме да бидеме дел од европското семејство. Може да звучи групо и лошо но за жал ЕУ е таа која не нė сака, но го почитува паравото дека сме аплицирале да бидеме дел од тоа семејство од тој европски вредносен систем, а за тоа мора да се исполанат одредени услови или критериуми кои се нарекуваат Копенхашки кои имаат политички критериуми како што се демократија и владеење на правото, парламент, извршна власт, јавна аминистрација, правосудство, борба против корупцијата, човекови права и заштита на малцинствата, почитување на меѓународното право на човекови права, граѓански и политички права, економски, социјални и културни права како што се малцински права, заштита на малцинствата и културни права, регионални прашања и меѓународни обврски, но имаат и економски критериуми како што се постоење на функционална пазарна економија, капацитет за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата и многу друго. Точно така многу критериуми кои ние као држава неши имааме исполнето на мускули со буткање но имаме уште корки леб да јадеме.

Тука со право секој еден гарѓанин на нашат држава се прашува оти секогаш кога е Македонија во прашање Европската Унија ги подига критеримите и го поречува нашиот пат и се остава впечаток дека навистина ЕУ не нė сака. Но да повторам ние сме апликантите наша е обврската да ја напишеме домашната задача, или да го менуваме курсот на бродот, да го свртиме кон БРИГС или некоја друга зедница, но тоа треба да се каже јасно на нашите граѓани па и да се провери на референдум дали ќе се подржи таков нов курс. Факт е тоа дека во Македонија секогаш тешките политички задачи ги пишувале владите на СДСМ и нивните коалициони партнери, додека десничарите или ВМРО-ДПМНЕ секогаш вешто со силна доза на популизам ги избегнувале овие задачи со образложение дека има други поважни прашања (читај) задачи за решавање. Но денес Кошта објасни, утре британскиот премиер Стармер ќе дообјасни како стојат работите на патот кон ЕУ и тоа директно на нашиот премиер. Почетниот став кој има сериозна доза на емоции на нашиот премиер е сосема разбирлив и делува фино за секој еден гласач дека нема промена без гаранции и дека тоа се нашите црвени линии. И сега ние треба да претпоставуваме дали тоа значи дека со тој став ние како држава се откажуваме од европскиот пат или е некој вид на тактика на нашиот премиер што значи завземање на пол позиција во однос на спорот со Бугарија.

Ајде за крај да појаснам како оптимистичен европеец во спортски жаргон дека натпреварот се игра 90 минути, но можно е судиско надоплнување па и пенали. Но едне мој пријател ме советуваше дека има и опција да пробаме да го заведеме резултатот после натпреварот и во самиот записник по завршување на натпреварот да поставиме 1:1, што ако ова се случи нашиот премиер е мастер мајнд за политика и тој ќе владее долго налик на Еди Рама во Албанија, но ако резултатот остане 1:0 тогаш пак може да владее но до кога.

Можете да прочитате

Обвинителката: Се враќаат по лопaтата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството