Утрински Весник
Спорт

Откажани тренинзите во триатлон поради лошиот квалитет на водата во Сена: Трката ќе се одржи во понеделник

20240804104505 Big 730x400 24.webp.webp

Тренингот на учесниците на мешаната трка во триатлон, кој беше планиран за сабота и недела, е откажан поради безбедноста на учесниците, соопштија организаторите на Олимписките игри во Париз.

Според тие изјави, обилните врнежи од дожд кои го зафатија главниот град на Франција на 31 јули и 1 август го нарушиле квалитетот на водата во Сена и поради тоа на олимпијците немало да им биде дозволено да влезат во реката.

-Очекуваме ситуацијата да се разреши до понеделник за кога е закажана трката, а дотогаш ќе ја следиме ситуацијата од минута во минута, велат организаторите.

Француските медиуми потсетуваат дека властите во оваа земја потрошиле повеќе од 1,5 милијарди долари во последните десет години за чистење на водата во Сена, но обилниот дожд создаде нов проблем.

Инаку, за време на траењето на овие Игри веќе имаше проблеми со квалитетот на водата во Сена, поради што машката трка во овој спорт мораше да се одложи за еден ден, а во неа триумфираше Британецот Алекси Ји.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари