Утрински Весник
Спорт

Откажана етапа на релиот Дакар

Откажана етапа на релиот Дакар

Седмата етапа на релито за мотоциклисти Дакар, што требаше да се одржи во сабота, беше откажана поради исцрпеност на возачите и големите напори од претходните денови.

dobivaj vesti na viber

Дождливата етапа во петокот, во Саудиска Арабија беше долга 1.000 километри, возачите на патеката минаа повеќе од 13 часа на ниски температури.

Во поредокот за мотоцикли води Американецот Скајлер Хаус, следи Австралиецот Тоби Прајс, додека трет е Кевин Бенавидес од Аргентина.

Насер Ал-Атијах од Катар води во поредокот за автомобили, кој води во генералниот пласман со околу еден час пред неговиот тимски колега од Јужна Африка, Хенк Латеган.

Саботната победа во конкуренција на автомобили му припадна на Јазид Ал Раџи.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина